Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за 4,5 денари за литар, односно ќе биде 67 денари за литар. „Евросупер БС-98“ ќе поевтини 4 денари, на 69 денари за литар. Дизелот ќе поевтини за 3 денари, односно ќе чини 64,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува 3,5 денари за литар и новата цена ќе изнесува 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 2,281 денара и новата цена ќе изнесува 35,133 денари за килограм.

OhridNews