Од вечерва на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денари одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросуперот БС-95 ќе се продава за 60 ден/лит, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 62 ден/лит.

За половина денар поевтинуват и Еуродизелот Д-Е v и  екстра лесното масло за домаќинство, кои од утре ќе чинат 53 ден/лит., односно 52,50 ден/лит.

Нова, пониска цена за 0,37 денари има и мазутот М-1 кој ќе се продава по цена од 26,215 ден/кг.

OhridNews