Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за 0,50 ден/лит. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе чини 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден/лит, и ќе се продава за 68,00 ден/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,159 ден/кг, и ќе чини 39,786 ден/кг, соопшти РКЕ.
Г.М.