Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) цените на бензините и евродизелот поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар.

Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.
OhridNews











