Во тиражниот кинески весник Macao Daily News (Макао Дејли Њуз), во додатокот за литература и култура „Огледално море“ (Mirror Sea / 鏡海) на една страница се објавени песни од македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, придружени со биографски податоци и со есеј под наслов „Тежината на поезијата“, кој всушност претставува коментар кон објавените песни на Ѓорѓо. Се наведува дека објавувањето во овој додаток се смета за голем успех и знак за висока културна вредност во кинеското говорно подрачје.

За метаморфозата пак во песната „Стебло“ кинеската критика многу позитивно реагира на идејата за спојување на човекот со природата. Во текстот се вели дека поетот постигнува состојба на „целосна тишина“каде човечкото его исчезнува за да стане „сок на дрвото“ и многу потсетува на некои источни филозофии (како таоизмот).
Во текстот поетот е претставен како „гласот на Охрид“ и се споменува неговата улога во „Струшките вечери на поезијата“, што за кинеските читатели е многу важен податок бидејќи Струга ја сметаат за светски центар на поезијата.
Преводот е направен од англиското издание на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски „Одбрани песни / Selekted poems“ кое го подготви и преведе Даниела Спироска, а го објви општина Охрид.
На кинески песните ги преведоа Хуанг Фан (кој е и самиот познат кинески поет) и Ши Џуншан. И двајцата имаат големо влијание во елитните литературни кругови во Кина.
OhridNews












