Поетската книга „Зимска светлина“ од Славе Ѓорго Димоски објавена е деновиве во Баку, Азербејџан. Ова е четврта книга на Ѓорго Димоски објавена на друг јазик.
Претходно дела на охридскиот поет беа објавени во Русија, Бугарија и Турција.
Преводот на „Зимска светлина“ е на проф. д-р Елцхин Искендерзаде, а во неа се поместени песни од повеќе книги на Ѓорго Димоски.












