Поезија од охридскиот поет Пере Ристески, деновиве, се најде на страниците на Зборникот „Нови мостови“ во издание на најпрестижното списание за литература- „Авлија“ од Рожаје-Црна Гора, како најдобра необјавена песна во регионот за 2012 година.

Имено, редакцијата на списанието (НВО – „Авлија“)  одлучи да ја промовира, досега необјавената песна „Лице“ од третата стихозбирка на Ристески и тоа во оригинална, непреведена  верзија на македонски јазик.  
  

Со тоа Ристески се најде во друштво меѓу најпознатите поети од бившите југословенски простори, како што се: Бранка Воиновиќ-Јегдиќ (Црна Гора), Весна Лаудановиќ (Србија), Зијад Пандур (Босна и Херцеговина) и др.    

OhridNews