Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде претставена во Подгорица
12.05.12 17:28
Богатиот творечки опус на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски вечерва ќе биде претставен во престолнината на Црна Гора, Подгорица.
За поезијата на Ѓорѓо Димоски, ќе беседат познатиот црногорски поет, книжевен критичари и есеист Гојко Божовиќ и директорот и уредникот на издавачката куќа „Октоих“, Радомир Уљаревиќ.
Пред вљубениците на пишаниот збор познати црногорски актери ќе читани извадоци од книгите поезија на современиот македонски поет.
Претходно денеска Димоски во својство на претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, одржа прес-конференција на која пред црногорската јавност беше презентирана најголемата светска поетска манифестација, а беше претставен и портретот на годинешниот лауреат на СВП, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти.
Славе Ѓорѓо Димоски има објавено девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи. Неговите дела покрај на српски се преведувани на дваесеттина светски јазици. Основач е на познатата културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.