Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба би можел да го пропушти Светското првенство во Катар поради нова повреда.

Оваа информација ја пренесе „газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, Французинот, кој закрепнуваше од операцијата на коленото на почетокот на сезоната, претрпел оштетување на бутен мускул. Се очекува Погба да пропушти најмалку 10 дена.

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, изјави дека нема да вклучи никого во списокот на турнирот кој не е подготвен за првиот натпревар од турнирот против австралиската репрезентација на 22 ноември.

Дешам треба да го објави составот на Франција на 9 ноември.

OhridNews