Фудбалерите на Манчестер Јунајтед осамнаа на врвот од Премиер лига после минималниот триумф (1-0) над Барнли, во заостанатиот натпревар од првата рунда во англискиот шампионат.

Човек на одлука на „Турф Мурф“ стадионот беше францускиот репрезентативец Пол Погба, кој во 71-та минута со „евро гол“ ја погоди мрежата на домаќините. „Црвените ѓаволи“ во продолжението од мечот ја задржаа минималната предност и освоија три важни бодови, со кои се одлепија од ривалот Ливерпул.

Во преостанатите два мечеви од денешната програма Евертон со 2-1 славеше кај Вулверхемптон, а Шефилд Јунајтед со 1-0 го совлада Њукасл.

OhridNews