Пол Погба, Роберт Левандовски и Килијан Мбапе во скоро време сигурно нема да ги гледаме во дресот на Реал Мадрид. Предводникот на „кралевите“, Флорентино Перез истакна дека тројцата фудбалери биле на мета од клубот но екипите каде што настапуваат не сакале да слушнат за продажба.

  • Постојат фудбалери кои не можете да ги купите затоа што клубовите каде што играат не сакаат да ги продадат. Прв таков случај беше со Левандовски. Во неколку наврати преговаравме со неговиот агент и Баерн Минхен, кој во ниту еден момент не попушти. Слична ако не и иста е ситуацијата со Пол Погба. Немаше начин да го купиме бидејќи Манчестер Јунајтед не прифаќаше преговори. Тој нема откупна клаузула и тука треба амин од клубот каде моментално настапува. Ќе тргниме и по Мбпае, но и кај него е исто затоа што ПСЖ не сака да разговара. – изјави Перез.

Реал Мадрид, годинава се „разбуди“ на трансфер пазарот и го доведе Еден Азард, а претходно не ангажираше никоја поголема ѕвезда. Азард на Сантијаго Бернабеу се пресели од Челси во трансфер вреден 120 милиони евра.

  • Имаме тим вреден над милијарда евра кој претходно освојуваше титула на сите полиња. Минатата сезона наш проблем не беше квалитетот или отсуството на Роналдо, туку тимската хемија која се наруши. Ова лето доведовме фудбалери кои ни беа неопходни и мислам дека имавме добар трансфер период. – заврши Перез.

OhridNews