Со голот на францускиот интернационалец Пол Погба во 91-та минута екипата на Јувентус ја совлада Болоња со 2-1 и ја продолжи неворојатната серија од 48 натпревари без пораз.


“Старата дама“ до предност дојде во 54-та минута преку Кваљарела. Гостите со погодок на Таидер го изедначија резултатот. Трите бода за Јувентус ги донесе Погба во судиското продолжение.

Без повредениот Кавани во составот тимот на Горан Пандев, Наполи претрпе минимален пораз од Аталанта 1-0. Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Кармона во првиот дел од мечот.

Резултати : Интер – Сампдорија 3-2, Аталанта – Наполи 1-0, Јувентус – Болоња 2-1, Каљари – Сиена 4-2, Киево – Пескара 2-0, Лацио – Торино 1-1, Парма – Рома 3-2, Удинезе – Катанија 2-2.

Табела : Јувентус 28 бодови, Интер 24, Наполи 22, Лацио 19, Фиорентина 15. . .

Мх.П.