
Со литургијата која започнува во 8.45 часот ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион и со повеќемина свештенослужители.
Богослужба тој ден ќе има само во црквата „Св. Софија“.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.












