Во катедралниот храм „Света Софија“, денеска ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“, и по повод 50 годишниот јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

Со богослужбата која започнува во 9 часот, ќе чиноначалствува неговото блеженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со митрополитите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, како и со повеќемина свештенослужители.

Со оваа богослужба ќе бидат заокружени свеченостите по повод одбележување на 50-годишнината од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, во чии рамки на Плаошник синоќа се одржа света архиерејска литургија, по што во катедралната црква Св. Софија се одржа свечена академија.

Ohridnews