„Погледи”, фотографска изложба на Фото Кино Клуб Битола во Охрид
13.02.13 08:00
Надоградувајќи се на долгата фотографска традиција во градот на конзулите, Фото Кино Клуб Битола се ориентира кон техничко усовршување и следење на современите трендови на фотографијата и филмот како уметнички израз на визуелната култура. Поточно, пренесувајќи ја идејата дека фотографијата покрај документарните својства, може да содржи и едно сосема поинакво естетско доживување, кое веќе подолго време во светот а и кај нас се наметнува како посебна уметничка дисциплина. Придржувајќи се до овие начела членовите од Фото Кино Клуб Битола во соработка со Центарот за културен проток АРТерија од Охрид ќе се претстават за прв пат пред охридската јавност со своја клупска изложба на уметнички фотографии наречена „ПОГЛЕДИ”.
Изложбата ќе биде отворена во сабота на 16.02.2013 година во галеријата на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во 19.00 часот.
Ова не е прва соработка на битолските фотографи и АРТерија, претходно дел од членовите на ФКК Битола учествувале со свои дела на изложбата “Низ окуларот на времето” посветена на градот Охрид.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.