Дебарско – кичевската епархија од вчера и официјално има нови административнио простории.

Реконструираната зграда во која некогаш беше сместен Музејот на словенската писменост ќе претставува митрополитски и административен центар на Македонската православна црква за прием на делегации. Покрај работни простории за владиката и свештенството, во административниот центар на Дебарско – кичевската епархија има простории за приеми и состаноци, како и галерија. Ентериерот е внимателно дизајниран, богато опремен и со уметнички детали. Исто така целосно е освежена и фасадата на објектот кој е изграден на охридското кале  кон крајот на 19 век.

OhridNews ѕирна во внатрешноста на новиот административен центар на Дебарско – кичевската епархија, кој вчера беше свечено отворен.


Освежена фасадата на зградата изградена пред два века


Верски свечености за тргне со убаво


Просториите ќе ги користи и Македонската православна црква


Админситративниот центар има и трпезарија


Ниту религијата не може без компјутер


Поглед од една од работните простории


Сала за состаноци


Завесите внимателно одбрани


Не изостануваат убави детаљи ниту на таваните


Сеќевање кон светците и свештениците


Во потпокривот сместена е галерија


Членовите на Светиот архиерејски Синод на „нова куќа“ кај г. Тимотеј

OhridNews