Десниот бек во француската селекција Бенџамин Павард се закити со наградата за најубав погодок на Светското првенство, кое се одржа од 14 јуни до 15 јули во Русија.

Павард, на дуелот со Аргентина во 1/8 финалето постигна маестрален погодок со волеј удар. Голот беше од витално значење, бидејќи „триколорите“ изедначија на 2-2, а подоцна победија со 4-3.

Во изборот за прогласувањето на најубав погодок спроведен од ФИФА учествувале повеќе од 3 милиони гласачи, кои имале можност да гласаат за еден од 18 голови.

Павард ќе има добри спомени од Русија, бидејќи неговата селекција го освои златниот медал. Во финалето „триколорите“ ја совладаа Хрватска со 4-2.

OhridNews