Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2017 година изнесува 84 778, а бројот на ноќевањата изнесува 197 016. Тоа значи дека бројот на туристите во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 18.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14.6%.
Бројот на домашните туристи во јуни годинава е зголемен за 4.1%, а бројот на странските туристи за 24.0%. Според податоците на заводот бројот на ноќевања на странските гости е поголем во однос на домашните.
OhridNews












