Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2017 година изнесува 51 599, а бројот на ноќевањата изнесува 103 721, што значи дека бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 28.0%. При тоа, евидентирани се поголем број странски, отколку домашни гости.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%.

OhridNews