– Во континуитет спроведуваме вакви акции. Во центарот секогаш се радуваат на нашите посети со кои се надевам, за миг им го разубавуваме престојот тука. Им донесовме скромни подароци и им посакавме добро здравје, рече Јанковска.
Директорот на Општата болница, д- р Љубен Арнаудов, во чии рамки се наоѓа Геронтолошкиот центар, истакна дека постојано се работи на подобрување на условите во центарот во кој се згрижени триесеттина стари лица.
– Годишно остваруваме околу 4 милиони денари добивка од работењето, пари кои директно се вложуваат во центарот. Веќе ги обновивме санитарните чворови, собите се реновирани, исто така и ходникот, следуваат кујната и трпезаријата. Во план е да се уреди и дворот, за да се изгради пристојно место за во летниот период. Па така кога времето е убаво, лицата кои се згрижени во центарот, ќе можат времето да го минуваат надвор, вели Арнаудов.
Како што потенцира првиот човек на Општата болница, во план е целата зграда да се прошири и направи центар со околу 70 кревети и соби по европски стндарди.