УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, денес организира хуманитарна акција и посета на Геронтолошкиот центар. Како што беше потенцирано од страна на претседателот на УЖ, Славица Јанковска, целта на оваа активност пред се е дружењето со луѓето во третата доба од животот.


– Во континуитет спроведуваме вакви акции. Во центарот секогаш се радуваат на нашите посети со кои се надевам,  за миг им го разубавуваме престојот тука. Им донесовме скромни подароци и им посакавме добро здравје, рече Јанковска.

Директорот на Општата болница, д- р Љубен Арнаудов, во чии рамки се наоѓа Геронтолошкиот центар, истакна дека постојано се работи на подобрување на условите во центарот во кој се згрижени триесеттина стари лица.


– Годишно остваруваме околу 4 милиони денари добивка од работењето, пари кои директно се вложуваат во центарот. Веќе ги обновивме санитарните чворови, собите се реновирани, исто така и ходникот, следуваат кујната и трпезаријата. Во план е да се уреди и дворот, за да се изгради пристојно место за во летниот период. Па така кога времето е убаво, лицата кои се згрижени во центарот, ќе можат  времето да го минуваат надвор, вели Арнаудов.


Како што потенцира првиот човек на Општата болница, во план е целата зграда да се прошири и направи центар со околу 70 кревети и соби по европски стндарди.

OhridNews