Доцна попладнево, од засега непознати причини, поголема количина песок завршила на коловозот од магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на Св. Еразмо.

Од СВР Охрид го потврдија инцидентот. Информираа дека интервенирала екипа на Македонија пат која го исчистила коловозот од песокот.

Додека траело расчистувањето сообраќајната полиција ги предупредувала возачите за опасноста.

OhridNews