Амбасадорот од земјава во Република Чешка, Паскал Стојчески, во рамки на неколку дневниот престој во Охрид, денес беше во посета  на  oпштина Охрид, при што оствари работна средба со раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски.

На средбата со раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, беа истакнати заложбите за поврзување и блиска соработка на Охрид и Чешки Крумов, кој се под капата на УНЕСКО.

„На денешната средба меѓу другото се разговараше и за можноста во  Охрид да организира презентација на туризмот пред гости од Чешка што во иднина би значело и поголем број туристи од оваа земја во нашиов град.“ – велат од општина Охрид.

Исто така, амбасадор Стојчески потенцира дека во тек се активностите за снимање на филмот за Светите Наум и Климент во продукциското студио  во Прага “Thre Brothers“.

OhridNews