Соседниот Поградец наредната фудбалска сезона ќе игра во Албанската Суперлига. Одличните игри во текот на целата сезона резултираа со прво место и пласман во повисок ранг.

Овогодишен првак на Албанија е екипата на Скендербег од Корча, кој обезбеди учество во квалификации за Лига на шампиони, додека во финалето на националниот куп на 22 мај ќе играат градските ривали Тирана против Динамо Тирана.

В.Б.