Поранешниот француски претседател Жак Ширак кој почина во 86 година од животот, беше погребан денес на гробиштата Монпарнс.
Во црквата Сан Сулпис во Париз каде беше одржана меморијалната церемонија во чест на починатиот Ширак, присуствуваа голем број домашни и странски претставници од политиката, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, првиот човек на Европската комисија Жан Клод Јункер.
OhridNews













