Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места. Наместа влажни коловози се бележат на планинските премини, повисоките и осојничави места, каде поради ниски температури можна е појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews