Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково, информираат од АМСМ.

Oд вчера на делницата-обиколница Скопје се воведува времена измена на режимот на сообраќај, согласно одобрение издадено од министерството за транспорт и врски. Измената на режимот на сообраќај е поради изведување на градежни работи за реконструкција на овој патен правец. Ова се однесува на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews