Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина(8-15 мај)  кај плажата Куба Либре се одржа заедничка вежба на  Територијалната
противпожарна бригада Охрид, Единицата за заштита и спасување на вода, спасувачката единица на Црвениот крст и претставници од противпожарната единица “Флориан” од Англија. Целта на вежбата беше да да се увиди подготвеноста на единиците при интервенција во вода и непростапни терени.



Во јуни се планира заедничка обука на единиците за спасување од Охрид и противпожарната единица од Охрид, која ќе ја спроведат експерти од Англија. Целта ќе биде да се обучи заеднилчка екипа која ќе дејствува во случај на пожари на пловни објекти и непристапни терени и спасување на повредени, ни изјави Елил Јовановиќ, од Единицата за спасување при катастрофи на вода.



Англиската противпожарна единица „Флориан“ на Црвениот крст му донираше спасувачки вреќички кои се користат за спасување на вода. Наскоро на Црвениот крст ќе му биде дониран и специјален пловен објект за интервенции и спасување на вода.



До сега англиската противпожарна единица во Македонија има донирано повеќе противпожарни возила, а исто така извршена е и обука на македонските пожарникари за користење на донираната опрема.

OhridNews
фото: Емилио