Денес симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио се реализира во основното училиште во с. Мешеишта, Дебрца и во ОУ „Наум Охридски“ во с. Пештани.

И оваа седмица продолжи реализацијата на показните вежби за примена на оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во училиштата во Охрид и Дебрца. Во понеделникот евакуација од училишната зграда увежбуваа учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

На вежбата учествуваа соодветни тимови на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Црвен крст Орид.

OhridNews