Фудбалерите на Охрид`04, Карамачески Димитар, Клечкароски Дарко, Мартиноски Александар и Бакулески Александар се повикани во аматерската репрезентација на Македонија за пријателскиот натпревар против селекцијата на Србија што ќе се одигра на 24. ноември (среда) со почеток во 13ч. во Крагуевац.


Еве го комплетниот состав на селекторот Мите Митев.

Голмани: Захов Костадин – Беласица, Карамачовски Димитар – Охрид 2004,

Одбрана: Клечкаровски Дарко –  Охрид  2004, Димитриоски Денис – 11 Октомври, Вареловски Александар – Тиквеш, Петрушевски Дарко – Еуромилк, Џонов Ѓорѓе – Миравци, Мартиновски Александар – Охрид 2004,

Среден ред: Трајчев Дарко – Еуромилк, Дунимаглоски Столе – 11 Октомври, Петков Васил – Миравци, Ѓоргов Крсте – Миравци, Ќорбајрами Џавид – Риниа, Бакулевски Александар – Охрид 2004,

Напад: Атанасов Николче – Маџари, Штерјов Дарко – Миравци, Мижоров Томче – Миравци, Тодоров Крсте – Миравци

Средбата се игра во рамките на подготовките за вториот квалификациски турнир што ќе се одигра на пролет во Словенија. Во групата покрај Македонија и Словенија се Турција и Израел. Директен пренос од натпреварот ќе врши вториот канал на РТС.

OhridNews