Меѓу 25 фудбалери селектирани ширум Македонија боите на Охрид ќе ги бранат, голманот Боби Целески, дефанзивците Иво Наумоски и Иван Георгиевски како и крилниот офанзивец Валентин Кочоски.
– Ова е едно продолжување на нашите активности, имаме 4 фудбалери во тие 25 што мислам дека е голем успех за нашата школа. Ова е надополнување на нашите работни искуства и резултати кои ги постигнавме изминатите години, нашата школа “Еврофудбал“, како капитени на кадетска репрезентација досега се промовирани Шенол Меди и Антонио Каланоски, и ред други фудбалери кои во овој момент се носители на играта на ФК Охрид 2004. Се надевам дека и понатаму ке продолжиме да работиме успешно, квалитетно и се надевам дека овие фудбалери кои се на овој список, во еден одреден момент , ќе бидат носители на играта на сениорската репрезентација . – рече Данчо Целески од фудбалската школа “Еврофудбал“.
Непремостлив бедем пред домашниот гол – Георгиевски и Наумовски
Репрезентацијата на фудбалери родени во 1997 година ја предводи селекторот Боби Стојкоски, а истите овие деца се селектирани за првата спортска академија отсек фудбал која ќе стартува септември месец во Скопје.
Неговите мајстории ги излудуват противниците – Кочоски
– Очекувам во понатамошниот развој на академијата да застаниме како еден голем столб на подршка на тие активности и нашите фудбалери секогаш ќе бидат дел од овој проект – истакна пораншената македонска единица, Целески.
Ќе успее ли да го надлета својот татко? – Боби Целески
Лани Еврофудбал учествувашен на меѓународен турнир во Унгарија каде постигна солидни резулутати. И оваа сезона од школата во летниот период најавуваат учество на силни турнири. Со ваквите активности, очекуватат резултатите и постигнувањата континиурано да се подобруваат.