Аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино не успеал лично да се збогува со фудбалерите на Тотенхем откако клубот му врачи отказ додека речиси сите беа зафатени поради репрезентативните обврски. Но Покетино ја искористил таблата на која пишувал тактика пред секој натпревар да се збогува со фудбалерите. Тој во името на  целиот стручниот штаб напишал: „Големо благодарам за сите вас! Не можевме да се збогуваме… Секогаш ќе бидете во нашите срца“.

Покетино, разрешен од функцијата беше на почетокот од оваа недела поради слабите резултати на „петлите“ во Премиер лигата. Тотенхем немаше добар почеток на сезоната но Покетино со клубот од Лондон успеа да се пласира во финалето во Лигата на Шампиони, нешто што беше незамисливо пред да дојде тој на клупата.

Тотенхем за наследник на Покетино го назначи Жозе Мурињо. Контроверзниот менаџер деби ќе има в сабота против Вест Хем во градското дерби.

OhridNews