Екипи од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ реализираа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје, од сообраќајната клучка на влезот во Охрид (петља) до Подмоље.

Во рамки на акцијата расчистен е расфрланиот ситен комунален отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) околу коловозните ленти.

Во акцијата беа ангажирани шест  комунални работници кои подигнаа 30 вреќи отпад.

OhridNews