Прошетката по пешачката патека која минува покрај некогашниот хотел „Парк“ повеќе не e пријатна разонода во природа. Некогашниот хотел сега е претворен во огромно градилиште. Тони земја и градежен материјал се распослани покрај патот кој е прекриен со кал и прашина. Надлежните од локалната самоуправа посочуват дека заштитата на градилиштето и почитувањето на законските прописи за градење е во надлежност на инспекциските служби и дека тие треба да реагираат во случај на загадување на животната средина.


Патеката кај Парк прекриена со песок и прашина

OhridNews