Нарушувањето на јавниот ред и мир е случено на ден 4.4.2010 година во кафе-барот „Пјаца“ околу 19 часот и 30 минути кога во угостителскиот објект влегло второпријавеното лице. Во еден момент од невнимание, истиот скршил чаша по што од вработениот во кафе барот, бил повикан прво пријавениот кој бил сопственик на објектот. Меѓу нив, настанала вербална расправија а потоа и физички контакт односно меѓусебно туркање кое од внатрешноста на објектот продолжило на терасата од кафе барот. Понатамошниот тек на нарушувањето е спречено од присутните гости во објектот.
Полициската станица Струга, до истата комисија поднесе уште едно барање за поведување прекршочна пријава за уште едно нарушување на јавниот ред и мир. Барањето, според членовите 4 и 10 од истиот Закон, е поднесено против лицето Ѓ.У. роден 1956 година од Вевчани поради тоа што на ден о6.04.2010 година во 12 часот и 10 минути во кафе барот „Пјаца“ во Вевчани, вербално ги навредувал новинарските екипи на А1 телевизија од Скопје и ТВМ телевизија од Охрид барајки да го напуштат објектот.
Заради расветлување на овие настани, во полициска станица беа повикани повеќе присутни лица и очевидци каде беа извршени разговори околу околностите кои претходеле на двете нарушувања, соопшти СВР Охрид.