
„Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик. Надлежниот обвинител во исто време достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за обвинетите“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Во престрелките во Куманово кои траеја два дена загинаа осум припадници на македонската полиција, десет припадници на вооружената група, а потоа беа уапсени околу 30-тина лица под сомнение дека се дел од вооружената група.
OhridNews











