Максималниот ефект од шест победи во шест мечеви во првата фаза на ракометарките на Вардар им донесе осум бодови и пол-позиција во втората етапа во Лигата на Шампиони.
„Вардарки“ се на добар пат да ја обезбедат првата позиција во втората фаза по групи во ЛШ, бидејќи никој од новите екипи не е во ист ранг со нашиот шампион во женска конкуренција.
Првото место на табелата значи противник од четвртата позиција од втората група во која се наоѓаат поатрактивни и поквалитетни противници.
„Црвено црните“ втората фаза по групи ја започнуваа на домашен терен, а мечевите на програмата се на крајот од првиот месец од следната година.
Распоред:
1.коло: (26-28.01.2018) Вардар – Мец
2.коло: (02-04.02.2018) Битигхајм – Вардар
3.коло: (09-11.02.2018) Вардар – Будуќност
4.коло: (23-25.02.2018) Мец – Вардар
5.коло: (02-04.03.2018) Вардар – Битигхајм
6.коло: (09-11.03.2018) Будуќност – Вардар
Табела: Вардар 8 бодови, Меци 6, ФТЦ 4, Будуќност 4, Битигхајм 2, Турингер.
OhridNews