Себастијан Фетел и по четврти пат сезонава ќе стартува од пол позицијата. Покрај Фетел во првиот ред ќе биде неговиот тимски колега од Ред Бул, Марк Вебер.


Од вториот ред ќе тргнат Розберг и победникот на минатата трка, Луис Хамилтон. Меѓу првите 10 пласман обезбедија уште Алонсо, Батон, Петров, Шумахер, Хајдфилд и Маса.
Пред утрешната трка која е закажана за 12.00 часот, Фетел води во генералниот пласман со 68 бодови, пред Хамилтон кој има 47. Трет е Батон со 38, а следуваат Вебер (37) и Алонсо (26) меѓу првите пет.

Ohridnews