Пилотот на “Ред Бул“ Себастијан Фетел ќе стартува од пол позицијата на патеката во Валенсија за трката за Големата награда на Европа. Ова е трета пол-позиција за германецот кој ќе се обиде да стигне до втората победа сезонава.

Во првиот ред ќе биде и Луис Хамилтон на Мекларен, а веднаш зад нив се Малдонадо и Гросжан. Во Топ 10 се и Раиконен, Розберг, Кобајаши, Хулкенберг, Батон и Ди Реста.

Квалификации лошо минаа за возачите на Ферари, Алонсо и Маса кои ги освоија 11-то и 13-то место.

Ohridnews