По повод празникот 2-ри август, делегација на општина Охрид денеска ќе положи свежо цвеќе пред спомениците во градскиот парк.

Исто така, предвидено е положување цвеќе на „Прентов мост“, а по повод овој ден, месната заедница на селото Плаќе организира полагање свежо цвеќе пред споменикот во селото, односно организирање историски час и импровизиран напад на селото од комитите.

OhridNews