Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денеска ќе реализираат доброволна крводарителска акција. Полициските и другите службеници, до 13 часот ќе даруваат крв во службените простории над противпожарната единица во Охрид.
- Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на полициските службеници кон граѓаните.
OhridNews












