Еден македонски државјанин е полесно повреден во тепачка којашто се случила во Ниш, изјави за Танјуг портпаролката на нишката полиција Лидија Павловиќ, пренесува „Макфакс“.

Таа вели дека повредениот македонски државјанин не е навивач и дека тепачката не е поврзана со играњето на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во ракомет, кое се одржува во Ниш.

Павловиќ не прецизираше со кој се степал македонскиот државјанин, но додаде дека полицијата работи на утврдување на сите детали на овој случај.

OhridNews
извор: „Макфакс“