Полициски службеници упаднаа во домот на специјалната јавната обвинителка во скопската населба Козле, а пред домот може да се забележат и полициски возила. Специјалната јавна обвинителка треба да биде однесена кај судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе одреди притвор или не, информира Макфакс.

Јанева во текот на вчерашниот ден даде исказ како сведок за потребите на истрагата „Рекет“, но од денеска нејзиниот статус е сменет во осомничена.

Фото:Фактор