Со цел подигнување на јавната свест за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид 19, денеска, СВР Охрид преку одделението за превенција, на целото подрачје (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) реализира превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од коронавирусот.

Претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Црвениот Крст, на граѓаните им делеа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.

На овој начин, полициските службеници покажаа грижа за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид 19, информира СВР Охрид.

OhridNews