Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело тешка телесна повреда“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Охрид.

Тој, на 18-ти ноември оваа година, околу 23,00 часот, во куќа на улицата ,Андон Дуков“ во Охрид, извршил физички напад врз Н.А.(50) а потоа со нож му нанел повреда во пределот на главата. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews