МВР денеска објави детали за двете сообраќајни незгоди, што се случија вчера во Охрид и охридско.

Претпладнето на магистралниот пат Охрид- Кичево 41 – годишен жител на с.Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот 30- годишниот совозач, исто така  од с.Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Истиот ден во 16.13 часот на раскрсницата од бул.„Туристичка“ со бул. „Просветители“, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 -годишен жител на Охрид, удрило во велосипед, управуван од 77-годишен охриѓанец. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош.

Истражните органи работат на расветлување на двете незгоди.

OhridNews