Две лица се однесени во болница кога биле прободени на централната железничка станица во Амстердам, пренбесува АФП, цитирајќи полициски извори. Станицата била евакуирана кога полицијата го застрелала осомничениот за нападот.

Сè уште нема информации дали инцидентот што се случил околу пладне е поврзан со тероризам.

„Застрелан е осомничениот што го предизвикал инцидентот со прободување на централната железничка станица во Амстердам“, изјави холандската полиција на „Твитер“ укажувајќи дека станицата е затворена за целиот железнички сообраќај.

Мотивот за нападот останува непознат, а напаѓачот е хоспитализиран.