Во тек е голема полициска акција во Грчец и Гази Баба, потврди Министерството за внатрешни работи.
Како што јавува Миа, акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР.
Дел од медиумите пренесуваат дека во акцијата се приведени најмалку 21 лице.
Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.
Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.
OhridNews













