СВР Охрид денеска соопшти детали за сообраќајната несреќа што вчера вечер се случи во Лагадин, во која настрада полициски службеник.

На 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишен жител на Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му е укажана лекарска помош. – информира СВР Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews

Полициски службеник повреден во сообраќајка кај Лагадин