Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, одржанаа работна средба со месното население од селата Орман, Подмоље, Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Песочани.

Средбата претставува превентивно-едукативна кампања за подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари во која, полициски службеници низ непосредна комуникација со месното население, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари и на вегетацијата на отворен простор, почитување на правилата за безбедност при движење низ шумските појаси, појаснуваат од СВР Охрид.

Полициските службеници, додаваат, посебно ја нагласуваат потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и целосно гаснење по што, на граѓаните им поделија флаери со едукативна содржина.

OhridNews